Доколку џиновски астероид ја погоди Земјата, или се случи некоја голема природна катастрофа, луѓето и поголемиот дел животински форми ќе исчезнат. Но едно суштество сигурно ќе преживее, се вели во една научна студија.
Последните жители на Земјата се таканаречените водени мечки (Tardigrada),класа на микроскопски животни со осум екстремитети и чудно однесување. Тие можат да живеат и на копно и во вода, под екстремно висок и низок притисок.
Можат да поднесат и најголема топлина и енормно ниски температури, висока радијација, да бидат 30 години без храна, па дури преживуваат и во најголема суша. И покрај ситната градба, помала од еден милиметар, се смета за најотпорно живо тело на светот.
Тие ќе ги преживеат и сите астрофизички катастрофи, и ќе живеат на Земјата уште барем 10 милијарди години и после удар од астероид, што се значително подобри прогнози од оние кои го засегаат нашиот вид, тврдат научниците од Оксфорд и Харврд.
“Без да не штити нашата технологија, луѓето се многу чувствителен вид. Суптилните промени во нашата околина драматично влијаат на нас”, вели ко-авторот на студијата Рафаел Алвес Батиста од Универзитетот Оксфорд.
Батиста и неговиот тим истражувале каква катастрофа треба да се случи за до избрише целиот живот на планетата Земја, и откриле дека тоа практично е невозможно.
Суперновите или гама зраците, електромагнетни експлозии какви што се случуваат во други галаксии, можат да ја уништат земјината озонска обвивка која не штити од зрачење. Но животот же продолжи, некаде далеку под водата или под земјата.
Голем удар од астероид би можел да ја прекрие целата Земја со прашина која ќе го блокира Сонцето, поради што ќе паднат температурите ширум светот. Ќе изумрат животите зависни од светлина, но во океаните животот ќе продолжи.
Овие животни имаат тело поделено на четири сегменти, каде на секоја нога има пар оштри канџи. Живеат во мов, на растенија, во песок, во солени и слатки води. Водените мечки можат да преживеат на температура од 150°C, како и на -270°C.