Технологија инспирирана од бувовите

Истражувачите од Универзитетот Кембриџ , во соработка со три институции од САД, создале прототип обвивка која го имитира начинот на кој бувот успева да ја редуцира бучавата што се создава кога воздухот поминува врз крилјата.

Со помош на микроскоп со висока резолуција, истражувачите успеале детално да ги истражат пердувите на оваа птица и успеале да откријат како го прави бесшумниот лет.

Бувот има три вида пердуви кои сочинуваат комплицирана структура на крилјата, која не се забележува кај ниедна друга птица.

Истражувачите успеале да направат реплика на овие структури и креирале 3Д печатена обвивка, која може да се постави на лопатките од ветерните турбини. Тестирањата што истражувачите ги направиле во аеротунел, покажале дека обвивката ја редуцира бучавата за 10 децибели, без да има негативни ефекти врз аеродинамиката на лопатките. Потребно е оваа обвивка дополнително да се усоврши, но првичните резултати се ветувачки.

 


Истражувачите се надеваат дека обвивката понатаму би можела да се користи во ветерните електрани за намалување на бучавата, што претставува главен проблем на жителите што живеат во нивна близина. Покрај тоа, ова би можело да помогне и да се зголеми количеството на енергија што ја произведуваат турбините, бидејќи сега тие мора да имаат сопирачки, за да се собрат да не вртат многу брзо и да не создаваат бучава. Со новата технологија, ваквите ограничувања не би биле потребни.  

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt