Тестот покажа како нивниот робот “ATRIAS” може успешно и избалансирано да се движи со нормална брзина од околу 5 км. на час, на отворено, односно на нерамна површина, нагоре и надолу по рид, па дури и да ја задржи рамнотежата при слаби удари од гумена топка. Притоа, роботот бил врзан со безбедносен појас за да можат научниците да го фатат ако падне, со цел да ги спречат скапите оштетувања.
Како двоножен робот кој бил биолошки инспириран да ги имитира движењата на нозете на животните, истражувачите велат дека оваа машина досега најмногу личи на човековото движење.
Роботот е со големина на човек и има 6 електрични мотори напојувани со литиум полимер батерија- зналчително помала од оние на другите роботи. Ова е можно поради енергетската ефикасност на дизајнот на еластични нозе и задржувањето на енергијата кое е природно при движењето на животните.
„Токму тоа е она што е уникатно за овој робот – не само тоа што може да оди, а со текот на времето ќе може и да трча, туку и тоа што го прави тоа со ефикасна постојаност на движењето инспирирана од животните. Ова че му овозможи поширок спектар на примена и потенцијал од останатите роботи за кои е потребно повеќе енергија“, истакнуваат истражувачите.
“ATRIAS“ е три пати повеќе енергетски ефикасен од кој било друг двоножен робот со големина на човек. Ова беше прво негово тестирање надвор од лабораторија при кое се покажуваат неговите способности. Засега, целта на истражувачите се протетски екстремитети за луѓе, како и егзо-скелет за оние со мускулна слабост, но на долгорочен план гледаат успешна примена на двоножните роботи во војската, за одговор при разни катастрофи, или кој било тип на опасна ситуација.