Тестирано ново ласерско оружје

Ласерскиот систем, наречен “ATHENA“ (Advanced Test High Energy Asset), е дизајниран за да ги заштити воените сили и клучната инфраструктура. За време на неодамнешен тест на отворено, ласерот успеал да го изгори и онеспособи моторот на мал камион. Камионот не се движел нормално, туку се наоѓал на платформа со вклучен мотор. Ова е најголемата моќ досега забележана кај ласерско оружје од ваков вид, а треба да се направат и дополнителни тестови.

„Фибер-оптичките ласери ги револуционизираат системите за енергија. Овој тест го претставува следниот чекор за создавање на лесни ласерски системи на оружје за воените авиони, хеликоптери, бродови и камиони“, велат претставници од компанијата.

Овој систем може да бидe вистински благодет за војската, бидејќи може да го запре копнениот противник долго време пред да стигне до фронтот. Ласерот е создаден преку техника наречена комбинирање на спектрални зраци. Во суштина, системот зема повеќе ласери кои ги „згмечува“ во еден. Комбинираниот зрак од 30 киловати обезбедува поголема ефикасност и разорност отколку повеќе поединечни ласери од 10 киловати кои се користат во другите системи.

enauka.mk
9,247наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.