Тетоважа за дијабетичарите

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, конструираа направа на база на хартија којашто се лепи на кожата, како привремена тетоважа, и предизвикува мал електричен шок на кожата при што го мери нивото на глукоза.

Оваа направа се состои од сребрени електроди, мастило од сребрен хлорид и сензор направен од ензим чувствителен на глукоза. Во истражувањето, објавено во„Analytical Chemistry“, биле опфатени седум индивидуи, четири мажи и три жени. Тие ја носеле тетоважата додека јаделе оброк богат со јаленохидрати, и било измерено нивото пред и после оброкот, по што се утврдило дека направата е ефективна, исто како и традиционалниот метод со боцкање.

Тимот на истражувачи изјавил дека за време на тестот никој од волонтерите не пријавил никаква неудобност, освен некои кои кажале дека почувствувале мало пецкање. Оваа направа моментално не обезбедува нумеричко читање со што пациентите би можеле да ја мониторираат својата состојба, па истражувачите работат на тоа да се конструира направа за читање. Овој читач би можел да  има уште една апликација, односно преку „Bluetooth“ да се испраќаат податоцитеод мерењата до докторот во реално време и да се складираат податоците. Засега оваа тетоважа може да се користи само еден ден, па затоа истражувачите работат и на тоа направата да може да трае подолго, но за иста цена од само неколку центи.

Поддржете ја нашата работа: