Неверојатниот тимски дух на мравките

Голем тим од мравки ги креваат тешките предмети, но тие немаат насока. Поради тоа, мал број на „лидери“ интервенираат во насочувањето во кратки интервали.

По се изгледа, тие имаат математички совршен баланс меѓу индивидуалноста и конформизмот, велат истражувачите.

Откритието е врз основа на анализа на видеа на мравки од видот познат под називот „longhorn crazy ant“ кои носеле огромен број прехранбени продукти. Името го добиле баш поради тоа што често ја менуваат насоката на движење, навидум бесцелно.

Но, новите наоди укажуваат на тоа дека нивото на бесцелност во однесувањето на овие мравки е, всушност, многу фино подесено.

„Групата е максимално чувствителна на мравката-лидер”, вели авторот д-р Офер Финерман, физичар на Институтот Вајцман. Тој вели дека мравките околу 90% од времето се во „јато“ и се движат во иста насока како и сите други, а другите 10% од времето е индивидуално.

Тоа значи дека во целина, секој тим функционира заедно и избегнува залудни потези. Но, најважно, сепак имаат степен на нестабилност – и тоа им овозможува една мравка со нови информации да се придружи и да го промени правецот.

Мравката-лидер не мора да се претстави, не мора да биде посилна од останатите – таа само треба да се повлече во правилна насока.

Колку што е поголем објектот/ продуктот, толку повеќе мравки се потребни и тие се чувствуваат удобно во конформизмот, бидејќи од друга страна, неопходно е да соработуваат.

Нивниот систем работи најдобро за средни објекти (за една мравка) од околу 1 см, или она што може да го собере во влезот на гнездото.

Наодите се објавени во „Nature Communications“.
Поддржете ја нашата работа: