Тинејџер го направл најлесниот сателит на светот

Осунаесетгодишниот Рифат Шарук од Индија го направил најлесниот сателит на светот, а НАСА во јуни ќе го лансира во вселената.

Сателитот претставува 3Д печатена коцка со големина од четири сантиметри и тежи само 64 грама.

Тоа е еден од 80-те избрани експерименти  преку ученичкиот натпревар „Cubes in Space“, што го организира НАСА. На натпреварот биле поднесени 86.000 проекти од 57 земји.

Шарук го нарекол сателитот КаламСат (KalamSat), соред поранешниот претседател на Индија и познат ракетен научник Абдул Калам.

Според младиот научник главната цел на неговиот изум е „демонстрација на перформансите на 3Д печатењето кое користи карбонски влакна“.

Сателитот ќе биде дел од четиричасовната суборбитална мисијата на НАСА на 22-ри јуни, но КаламСат ќе биде активен само 12 минути и ќе врши мерења на забрзувањата, ротацијата и магнетосферата на Земјата.

Ова не е прв изум на младиот Рифат Шарум. На 15-годишна возраст тој изработил хелиумски метеоролошки балон во рамките на националното првенство на млади научници.

Поддржете ја нашата работа: