„Тјуринг Роботикс“ спрема супер смартфон

Овој материјал се користи во мали количини во „iPhone 6“, а можеби ќе се искористи во малку поголеми количини во „iPhone 7“. Материјалот е ултра силен и претставува комбинација од циркониум, бакар, алуминиум, никел и сребро. Тоа значи дека телефонот ќе може да издржи сериозни удари доколку го испуштите од раце.

Телефонот користи еден комерцијален приклучок за да се ограничи пристапот и верзија на Андроид (Андроид 5,1) која е заштитена со енкрипција. Дури има и своја крипто-валута наречена Тјурингова монета, а целиот телефон е заштитен со читач на отпечатоци од страната.

Покрај тоа, сите внатрешни компоненти се заштитени со хидрофобна нано облога, што му овозможува импресивна водоотпорност. Од компанијата велат дека бил оставен под вода во текот на 24 часа и немало никакви последици.

 


Можеби мало разочарување се неговите спецификации – 2,5 GHz четири јадрен „Snapdragon“ 801 процесор, 3GB RAM меморија и 5,5- инчен екран со 1920 x 1080 пиксели, што се среќаваат и кај другите телефони, па всушност материјалот од кој е изработен и напредните безбедности карактеристики го прават посебен. Ќе биде достапен во 3 бои, со камера од 13 мегапиксели и меморија од 16GB, 64GB или 128GB.

Телефонот ќе може да се нарачува кон крајот на месецот со почетна цена од 610 долари (563,25 евра) за верзијата со 16GB, што и не е толку скапо како некои модели кои веќе се на пазарот, вели Стив Чао, извршниот директор на „Тјуринг Роботикс“. „Материјалите од кои е изработен, како и безбедностните карактеристики го прават посебен, а не цената“. Сепак, можеби треба да почекате да се појави нечиј коментар и оценка на интернет пред да го порачате.

 

Поддржете ја нашата работа: