Вашиот прст се претвора во телефонска слушалка (+Видео)

Една нова луда идеја предизвика масовна поддршка на „Kickstarter“ и иако бараше само 50.000 $ за многу кратко време успеа да собере преку 1 милион.

„Sgnl“ претставува изменливо ременче за вашиот часовник кое во комбинација со вибрациите што ги генерира и „Bluetooth“ ќе овозможи претварање на вашиот прст во звучник.

Како ќе функционира уредот?

Кога ќе ви заѕвони телефонот се активира уредот кој преку „Bluetooth“ ќе го прими сигналот од телефонот (исто како во автомобилите) и овој сигнал ќе го претвори во засилена аналогна вибрација која го користи прстот како медиум низ кој ќе патува до вашето уво.

Уредот ќе користи литиумска батерија која ќе поддржи до 500 полнења, а ќе треба да се полни еднаш неделно.

Ова е една од причините поради која ја креиравме и енаука.мк, да овозможиме квалитетни информации и идеи до нашата јавност кои ќе ја разбудат креативноста и иновативноста со надеж дека наскоро ќе објавиме некои слични успешни македонски проекти.

Погледнете го видеото за да ви станат работите појасни и споделете на фејсбук и твитер.

https://www.youtube.com/watch?v=WqvEjr-AFcw

 

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt