Во време кога паметните телефони секоја година стануваат се помоќни, пофункционални и брзи на чиј постојан развој не му се гледа крајот, некои се одлучија да тргнат во сосема поинаква насока. Се чини дека резултатите воопшто не се лоши.
Talkase T3 е новиот мобилен телефон на пазарот, но не е смартфон, пишува Mashable. Нема камера, апликации ни игри. Има само основни опции, СМС пораки, повици, звуци и аларм. На него нема ништо што може да ви го задржи вниманието цел пат додека одите некаде, но сеедно изгледа доста забавно бидејќи неговата големина е колку една кредитна картичка.
Овој телефон чини само 33 долари.
Поддржете ја нашата работа: