Вештачка кожа на соларен погон која може да „чувствува“

Научниците направиле роботска рака прекриена со електрична кожа која се напојува со соларна енергија, која ќе овозможи луѓето што ги изгубиле екстремитетите повторно да го врата чувството на допир.

Истражувачите од Универзитетот во Глазгов изработиле роботска рака која е прекриена со „електронска кожа“ која се напојува со соларна енергија. Направена е  од графен ( ултра тенка форма на јаглерод ), кој иако е тенок поцврст е од челикот.

Роботската рака има флексибилна кожа и  „хиперсензитивен допир“ , па  еден ден би можело да се користи како протеза за лицата со ампутирани екстремитети, но и за изработка на роботи со чувство на допир.

Истражувачите во целиот свет работаат на развој на флексибилна верзија на вештачка која, која ќе може да „чувствува“ преку имитирање на разните рецептори кои се наоѓаат во кожата.

Посебен предизвик претставува напојувањето на ваквиот систем, но научниците од  Универзитетот во Глазгов успеале да развијат начин да го искористат графенот да произведува струја преку соларната енергија.

За новата кожа подребни се само 20 нановати по квадратен сантиметар, што лесно  може да се постигне и со најслабите фотоволтаични келии што моментално се достапни на пазарот.

„Човечката кожа е извонредно сложен систем кој може да детектира притисок, температура и текстура преку низа нервни сензори кои носат сигнали до мозокот. Јас и моите колеги направивме значаен исчекор во креирањето на прототипови со вештачка кожа.Користиме и 3Д печатење за да можат овие протези да им бидат достапни на сите“- вели  др. Равиндер  Дахија од Универзитетот во Глагов.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.