Запознајте го Оби – роботот кој им помага на хендикепираните лица самостојно да се хранат

Компаниите денес најчесто произведуваат роботи кои се ограничени на лични асистенти, односно нивната цел е да не потсетат или да ни помогнат во некои од основните работи во домаќинството.

Токму таков е и роботот Оби кој е дизајниран за да им помогне на луѓето со хендикеп самостојно да се хранат и да имаат контрола врз своите оброци.

Секојдневно, милиони хендикепирани луѓе мораат да бидат хранети од страна на негуватели, што може да биде прилично упадливо и фрустрирачко искуство, вели Џон Декар, креаторот на Оби.

Токму тоа е и неговата инспирација за создавање на ваков вид на робот, со што им се овозможува на луѓето со мултиплекс склероза, амиотрофична латерална склероза, Паркинсонова болест, како и други болести кои ги нарушуваат моторните движења, да се хранат самостојно, со минимална помош од другите.

Оби е всушност роботска рака кој користи лажица за да ја земе храната од една од четирите чинии и да ја донесе до устата. Притоа мора да се научи каде се наоѓа устата за да знае каде да ја донесе храната и функционира со помош на две копчиња со кои се контролира. Погледнете!

Поддржете ја нашата работа: