Инспирирана од краците на октоподот, германската фирма „Фесто“ (Festo) претстави прилично бизарна октоподска роботска рака, која во иднина би можел да работи заедно со луѓето.
Овој уред е наречен „Октопус Грипер“ (OctopusGripper) и може да фати и да држи предмети, користејќи мека силикоска структура. Кога на раката ќе се примени компримиран воздух, таа може да се свитка навнатре и да се обвитка околу предметот.
За предметот се прицврстува со помош на два ред вакуумски чашки.
„Штом пеуматското пипало ќе се обвитка околу предметот, чашките создаваат вакуум, со што предметот се зацврстува за „раката“. Тоа значи дека „ОктопусГрипер“ може да фати и да држи предмети со различна форма“– се наведува во извештајот од производителот.
Компанијата исто така нагласува и дека уредот не е опасен за луѓето, бидејќи структурата е еластична и може да се деформира. Ова го прави идеален за користење заедно со човечки раце.
Различни видови на уреди за фаќање веќе се користат во областа на индустриската автоматизација, но тие се со специфичен облик и намена, што значи дека мора да се менуват во зависност од задачата што треба да ја извршат.
Од друга страна „Oктопус Гриперr“ може да извршува различни видови на задачи.
Во таа смисла, адаптибилните уреди како што е „Октопус Грипер“, може да играат значајна улога, нагласуваат од компанијата.