Вештачката инсеминација ја губи ефикасноста

Во едно ново истражување се вели дека контракциите, всушност ги зголемуваат шансите за забременување.

Истражувачите од институтот за неплодност во Валенсија покажуваат дека бројот на контракции на матката во минута е параметар поврзан со успех во  процедурите за вештачка инсеминација.

Истражувањето е со времетраење од 5 години и вклучува околу 600 жени.

Бројот на контракции на матката во минута е параметар поврзан со успех во вештачкото оплодување .

Вештачката инсеминација , според експертите, е  една од помошните техники на репродукција , која во последниве години многу малку се има усовршено и полека ја губи ефикасноста во споредба со други покомплексни техники.

Иако е широко користена, податоците велат дека дека оваа техника има стапка на успех од 15-20% на годишно  ниво ако се врши со сперма на партнерот, а 25% ако се врши со сперма на донаторот.

Во истражувањето се вклучени и други варијабли како што се видот на оплодувањето, возраста на мајката и бројот на фоликулите.

Како може да се подобрат резултатите од примената на оваа техника ?

Според професорот Мануел Фернандез-Санчез „ Синхронизацијата на денот на оплодување со моментот на фоликуларна руптура (кога јајце-клетката се ослободува) е клуч за подобрување на резултатите од овој вид на третман “

Неопходно е да се продолжи со подобрувања  и зголемување на стапката на успешност, со оглед дека сеуште претставува наједноставна, широко користена техника.

Поддржете ја нашата работа: