Вештачки лист произведува водород

Една од идеите е да се искористи сончевата енергија на начин кој ќе овозможи ефикасно и економски ефтино решение со цел да се подели молекулот на водата (H2O) и да се одвои водородот кој би се користел како гориво . Водородот за разлика од другите горива како бензинот и дизелот има околу четири пати повеќе енергија по килограм или 143 МЈ/кг што е еднакво на 40Kwh за кило водород.

Да се искористи сончевата светлина за да се подели водата и да се собере водородот представува еден од најинтересните начини да се добие чиста енергија. Призводителите на автомобили веќе почнаа да ги претставуваат возилата што користат водород, кои не го загадуваат ниту воздухот ниту животната средина , бидејќи при согорување на водородот се добива енергија и вода.

За да се направи водородот што се користи денес, тој главно се добива од природниот гас, и за процесот на добивање чист водород потребна е електрична енергија од конвенционалните електрани што испуштат јаглероден диоксид.

Евтиното производство на водород од вода, со користењето на чиста сончева енергија, кој потоа може да се користи и во домаќинствата и бизнисите, би го направило овој вид на енергија многу поеколошки.

наноНаучниците успеале да создадат мрежа од полуспроводливи нановлакна што апсорбираат светлина, која кога ќе се потопи во вода и ќе се изложи на сончева светлина, произведува водород.

Иако поголемата ефикасност се’ уште претставува предизвик , оваа технологија не бара дополнителни жици или други надворешни направи за напојување со енергија.

Истражувањето е објавено во списанието „ACS Nano“.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација