(ВИДЕО) Како изгледа кога ќе ја пробате најлутата чили пиперка на светот

Одредувањето на тоа која чили пиперка е најлута е изненадувачки контроверзна тема. Нивото на пикантност се мери според Сковиловата скала, која ја определува концентрацијата на капсаицин – иритирачка хемикалија која се наоѓа во чили пиперките и предизвикува печење на јазикот и кожата.

Од 2007 година, „Bhut jolokia“ се сметаше за најлута чили пиперка во светот. Нејзиното конзумирање може да предизвика вашето тело насилно да реагира, во обид да го исфрли капсаицинот од системот. Според истражувањата, нешто повеќе од килограм од оваа чили пиперка во прав може да ве убие.

Но, се чини дека постои друга чили пиперка која ја надминува оваа и ја презема круната за најлута пиперка во светот. Се работи за чили пиперката позната како „Carolina Reaper“.

Шон Еванс, домаќинот на сериите „Hot Ones“, заедно со данецот познат како Чили Клаус, кој е препознатлив по своите емисии за пробување чили пиперки, се доволно храбри за да изедат дури по една цела пиперка. Погледнете како изгледа тоа.

Всушност, чили пиперките, во многу мали количини се разбира, се добри за здравјето. Сушените чили пиперки содржат витамини Е, А, К и Б6. Покрај тоа, некои истражувања покажале и дека се добри за намалување на дебелината и проблемите со синусите.

Поддржете ја нашата работа: