(ВИДЕО) Пинг-Понг во вселената

Во најновото видео, снимено на Меѓународната вселенска станица, астронаутот Скот Кели го обележува својот 300 –ти ден во вселената играјќи пинг-понг со топче од вода и два рекети кои ја одбиваат водата.

Како функционира ова? Како што објаснува Кели, тој користи хидрофобни рекети, односно рекети кои ја одбиваат водата, а воденото топче отскокнува, така што ова изгледа лесно како и да удира обично топче за пинг-понг.

Рекетите се направени од поликарбонат и ја одбиваат водата толку силно благодарение на две нивни карактеристики -со ласерско гравирање тие се прекриени со супер-тенки грутчиња и плус обложени се со тефлон.

Како успева воденото топче да ја задржи формата без да се распрсне? Според објаснувањето на вселенскиот центар Џејсон  на НАСА, сѐ се сведува на големината на капката и површинскиот притисок.

„Колку е поголема капката, толку помал притисок е потребен за да таа се распадне. Колку е помала капката, толку е потешко да ја удрите“.

Скот покажува капка од околу 4 мл (што е околу 100 пати поголема од дождовна капка).

Поддржете ја нашата работа: