Жителите на Северна и Јужна Америка, како и во делови од Европа, в недела ќе можат да го набљудуваат затемнувањето на Месечината. Истовремено, таа ќе биде релативно поблиску до Земјата при што ќе ја гледаме поголема, посветла, но и поцрвена. Феноменот е наречен „црвена Супер-месечина“.
Затемнувањето се случува кога Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат наредени во иста линија. Процесот ќе започне во недела навечер или во понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од Земјата ќе се набљудува овој феномен. Сенката на Земјата целосно ќе ја прекрие Месечината во тек на 62 минути.
enauka.mk
9,241наслови од 2014 година
≈ 3,798денари
Вкупно донирано≈ 50,000
Facebook следбенициВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























