Кинески археолози во една гробница во провинцијата Хенан, пронашле 2000 години стар сад со течност за која се претпоставува дека е вино.
Археолозите наведуваат дека во запечатениот сад се наоѓала жолта течност од околу 3,5 литри, која мирисала на кинеско вино.
Течноста ќе биде испитана во лабораторија за да се установи дали содржи алкохол – вели археологот Ши Џиажен.
Во гробницата покрај остатоци од погребан човек и вино, пронајдена е и лампа во облик на дива гуска.
Виното датира од династијата Хан (202 п.н.е. – 8. н.е.). Не е прецизирано како садот е запечатен и како виното до сега не испарило.
Алкохол од тој период и претходно е пронајден, а алкохолните пијалоци на база на ориз и шеќерна трска, чувани во бронзени садови имале важна улога во прославите и ритуалите.
Археолозите во 2010 година, во гробница пронашле стар сад, полн со супа. Сега пронајденото вино не се наоѓало во сличен бронзен сад како во случаите до сега, па затоа се смета дека е и постаро.