Во кој период од животот почнуваме да ги губиме пријателите?

Научниците велат дека го лоцирале периодот од нашиот живот кога почнуваме повеќе да губиме пријатели отколку да стекнуваме нови пријателства и тоа преку податоците за телефонските повици на 3,2 милиони Европејци. Биле користени телефонските повици од корисници на европска мобилна мрежа за да се анализираат нивните навики на телефонско повикување и се чини дека 25 е пресвртната возраст за создавање на нови пријателства.

На оваа возраст и мажите и жените прават најголем број редовни телефонски позиви кон различни луѓе. Иако ова не е прецизно мерење на бројот на пријателства, тоа сепак укажува дека ова е стадиумот во животот кога нашиот социјален круг е најголем, велат истражувачите од Универзитетот за науки Алто во Финска и од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија.

Од тогаш, па натака, ние почнуваме да ги губиме контактите со пријателите, бидејќи се фокусираме на други работи, како што се децата и кариерата кои почнуват да го притискаат нашето време. Почнуваме да го намалуваме бројот на нашите пријатели се’ до крајот на животот, иако постои еден мал застој помеѓу 45-тата и 55-тата година од животот.

planout-friendship-dayИнтересно е тоа што на помлада возраст мажите имаат повеќе пријатели од жените, но од 39-тата година па нагоре, тој тренд е обратен. Од таа точка и двата пола повикуваат околу 12 до 15 луѓе.

Секако, може да контактираме и на друг начин, освен телефонски, но годината кога се собрани овие податоци – 2007 година, е истата година кога на пазарот се појави првиот „iPhone“, така што пораките преку мобилните телефони и апликациите за социјални мрежи не играле толку голема улога како денес.

„Разликата помеѓу половите се чини дека првенствено се должи на почестите контакти што жените ги имаат со своите возрасни деца и со нивните сопружници“- се вели во истражувањето. Истражувачите сугерираат дека постои можност жените да имаат поголема интеракција со најблиските членови од семејството отколку мажите, со цел да ги информираат другите членови за активностите на децата.

635950320798400622-1139784562_friends-fingersИстражувањето служи и како потсетник дека сета технологија што ја користиме за одржување на контактите со пријателите и семејството има и друга, помалку очигледна намена – им овозможува на истражувачите богата ризница од податоци за проучување, добивајќи нов увид за тоа како ги градиме нашите заедници, како ги одржуваме нашите врски и како избираме со кого ќе го поминеме времето.

Ова истражување исто така поддржува едно претходно истражување кое укажува дека жените имаат помала група, но поблиски пријателки, отколку мажите, кои имаат поголема група, но не толку блиски машки пријатели со кои се дружат.

Истражувањето исто така се концентрира и на тоа колку блиски пријатели конечно задржуваме, а тоа се пет, но мудро избрани.

summer, holidays, vacation, happy people concept - group of frieИако истражувањето е ограничено само на податоци собрани од Европјаните и не мора неопходно да ги одразува социјалните навики на останатите луѓе, истражувачите велат дека би можело да се очекува слично однесување и во другите општества, дури и кога употребата на телефоните не е на исто ниво.

„Луѓето ќе ги искористат оние средства за комуникација што им се на располагање за да ги постигнат своите друштвени цели. Затоа очекуваме дека општите принципи што се откриваат со ова истражување можат помалку или повеќе да се применуваат универзално, во сите култури. Разликата помеѓу културите веројатно повеќе лежи во тајмингот кога е врвот и транзицијата, отколу во самиот основен модел“- се вели во студијата.

Наодите се објавени во „Royal Society Open Science“.

Поддржете ја нашата работа: