Дали пријателите не прават посреќни од семејството?

Новата студија, спроведена на Универзитетот во Мичиген, покажала дека пријателите не прават посреќни од членовите на семејството. “Пријателите се свесен избор, додека семејните односи може да бидат сериозни, негативни и монотони“, вели Вилијам Чопик, професор по психологија и автор на студијата.

Истражувањето се состои од две студии. Во едната се опфатени скоро 300.000 луѓе на возраст од 15 до 99 години, во повеќе од 90 земји.

Според сопствената проценка на испитаниците, откриено е дека, посреќни и поздрави лица се оние на кои пријателството им значело повеќе. Во другата студија се користеле податоци од испитување на 7.481 лица со над 50 годишна возраст, кои биле следени 6 години.

Заклучено е дека кога пријателството помеѓу две единки е во лоша состојба, стапката на болести кај испитаниците значително растела. Спротивно од тоа, кога пријателите им давале голема поддршка, испитаниците биле поздрави.

Семејството пак, нема преголемо значење во врска со здравјето на поединците. Партнерот и децата влијаат на нас, но не така како пријателите. Чопик вели дека одржувањето на квалитетни пријателски односи ја зголемува самодовербата и го намалува стресот, бидејќи на пријателите можеме да им кажеме се, без страв дека ќе бидеме осудени.

Многу други истражувања ја докажале придобивката која ја имаме од пријателите. Така едно истражување кое проучило 148 различни студии, а во кое учествувале повеќе од 308 илјади лица, заклучува дека оние со цврсти пријателски врски имаат поголеми шанси да живеат подолго.

Поддржете ја нашата работа: