Во Малезија е откриен јазик кој досега не е познат за нас

Во малото село, во близина на реката Pergau во Sungai Rual, лингвистите пронашле луѓе кои зборуваат на јазик кој досега не е познат за нас. Јазикот се нарекува “једек” и го зборуваат околу 280 лица.

За ова племе може да се каже дека во некои работи е поразвиено и од најнапредните култури. Во оваа заедница владее поголема родова еднаквост отколку во западните држави. Не одобруваат насилство, како ни натпревари меѓу децата.

Токму таквиот начин на живот се одразил на нивниот јазик во кој не постојат зборови кои го означуваат терминот сопственост, како што се купување, продавање, позајмување или кражба. Меѓутоа, јазикот содржи премногу зборови кои означуваат размена, делење и соработка.

Лингвистите Niclas Burenhult и Joanne Yager од Универзитетот Лунд во Шведска, го откриле овој јазик додека го проучувале јазикот јахаи, што се зборува во истиот регион.

„Забележавме дека голем дел од селото зборуваше на друг јазик, користејќи зборови, фонеми и граматички структури кои не беа користени во јазикот јахаи. Овие зборови ме потсетија на аслиските јазици што се зборуваат во другите подрачја на Малајскиот Полуостров“, вели докторантот од Универзитетот „Лунд“, Џоана Јагер.

„Једек е јазик што се зборува во едно село каде што претходно е направено истражување од антрополозите. Како лингвисти, ние откривме нешто што антрополозите не го забележаа“, наведе лингвистот Никлас Баренхалт.

Во светот се говорат околу 6 илјади јазици. Околу 80 проценти од светското население зборува еден од најчестите јазици во светот, а 20 проценти зборуваат на останатите 3.600 јазици.

Истражувачите веруваат дека речиси половина од светските јазици ќе бидат исчезнати во рок од 100 години.

Со помош на документирање и негување на јазиците како што е једек, лингвистите се надеваат дека ќе придонесат за сочувување на помалку познатите култури, бидејќи модерните и урбани општества ги загрозуваат и неповолно делуваат врз културните богатства на малите заедници.

 

Поддржете ја нашата работа: