Во Индија отворена првата болница за слонови

болница за слонови

Во северната индиска држава Утар Прадеш, е отворена првата болница за слонови која е опремена со најсовремени средства за лекување на овие животни, важни за индиската култура, а кои ги привлекуваат локалните и странските туристи.

Во болницата, отворена во петокот во светиот хиндуистички град Матури, еден од првите пациенти е 49 годишната Аља, женка слон, која ја постави својата предна нога за лекарот да и ја санира повредата, додека посетителите снимале со мобилни телефони.

Новата болница која се протега на околу 12 000 метри квадратни е помеѓу останатото е опемена со дигитален рентгенски уред, апарат за термографско снимање, ултрасонографски уред и каратински простории.

Оваа установа е наменета за лекување на стари, повредени и болни слонови.

Слоновите се важен дел од индиската култура и доста се присутни на фестивалите, а се користат и како голема атракција во северните и западните региони.

Меѓутоа, иако се почитувани како културен и верски симбол во Индија, слоновите се често злоупотребувани, па неретко се жртви на електрошокови, железнички несреќи, труење, лов и слично – предупредуваат борците за права на животните.

 

Поддржете ја нашата работа: