Се очекува Шпанија до 2040 година да ја престигне Јапонија и да се искачи на тронот на табелата за очекуваниот животен век – се наведува во новиот извештај од Институтот за мерење и проценка на здравјето во Сиетл.
Шпанците, за помалку од две децении ќе го достигнат просечниот животен век од 86 години, додека во Јапонија е 85.
Тајната на шпанците за долговечен живот се состои од три работи – медитеранска исхрана, добро организирани семејни односи и бесплатен систем за здравствена заштита, кој според СЗО е седмиот најдобар во светот.
Новинарите на “Гардијан” во Мадрид анкетирале жена која имала 75 години, а изгледала како да има 50.
“Маслиновото масло, зеленчукот, овошјето, рибата, не преголемата количина на месо, малку пиво и вино се главните виновници за мојот изглед и внатрешно здравје. Секако, треба да уживате во животот со пријателите и семејството” вели жената.
Антонио Абелан, од истражувачката група на Националното истражувачко биро во Шпанија, вели дека резултатите од истражувањето се во склад со прифатениот тренд и дека животниот век во Шпанија се приближува кон врвот.
“Сигурно медитеранската исхрана ја одиграла својата клучна улога, но покрај тоа многу важни се и семејните и социјалните односи. Како и другите медитерански земји, Шпанија навистина го вреднува тоа семејно богатство. Доколку живеете добро, ќе живеете и подолго”, истакнува Абелан.
На оваа листа после Јапонија и Шпанија, на третото место се најде Сингапур (85,4 години), Потоа сладат Португалија и Италија (84,5 години), Израел (84,4), Франција (84,3), Луксембург и Австралија (84,1 години).