Возило во торба

Уредот е наречен „WalkCar“ и се опишува како „возило во торба“ бидејќи лесно може да се носи со себе и претставува еден вид на мал електричен скејтборд на четири тркала.

Уредот е изработен од алуминиум и се напојува со литиумски батерии. Се изработува во две верзии – за внатре и надвор, и во зависност од моделот тежи помеѓу 2 и 3 килограми. Иако е лесен, уредот е доволно цврст и може да носи тежина до 120 килограми. Достигнува брзина од 10 км на час и може да помине растојание до 11,2 км, откако ќе се наполни за три часа.

Возилото лесно се управува, со едноставно префрлање на тежината на корисникот на страната каде што сака да се движи.

Купувачите ќе може да резервираат „WalkCar“ од октомври 2015, преку веб страната  „Kickstarter“, по цена од 100 000 јени (околу 800 долари). Испораката се очекува да започне напролет 2016 година.

Погледнете го видеото и видете како изгледа возилото во акција.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt