Возилото на Тесла не е виновно за новата сообраќајка

На 1 јули 2016 година, електричното возило на Тесла „Tesla Model X“ имаше сообраќајна незгода кога се преврте на средината на автопатот во Пенсилванија. Оваа сообраќајна несреќа се случи кратко време откако Националната администрација за безбедност на сообраќајот изјави дека ќе ја испитува полу-автономната функција за автопилот на Тесла, конкретно на „Model S“, по несреќата во мај 2016 година кога едно лице го загуби животот.

И во овој случај наводно со возилото управувала функцијата за автопилот, па не е јасно дали се работи за неправилно функционирање или за човечка грешка. Но, дури и кога е вклучена функцијата, од компанијата им препорачуваат на возачите да внимаваат на патот и да ги држат рацете на воланот.

За среќа, нема човечки жртви во незгодата, а вината веднаш беше префрлена на користењето на функцијата за автопилот на тој автопат, каде што тесните патишта и големите брзини не оставаат простор за грешка на возачот.

Но, како што Илон Маск, директорот на компанијата, објави на Твитер, истражувањата покажале дека функцијата всушност не била вклучена, што ја отфрла вината од возилото на Тесла. Тој вели дека несреќата не би се случила доколку функцијата за автопилот навистина би била вклучена.

„Consumer Reports“ неодамна побара од Тесла да го смени името на оваа функција и да ја преиспита нејзината примена во технологијата за автономни возила, бидејќи промовира опасна претпоставка дека возилото навистина може самостојно да вози. Компанијата го одби ова барање и ја брани својата функција за автопилот како безбедна и подобра од човекот.

Поддржете ја нашата работа: