Пред 20 години, овој град речиси целосно бил уништен кога во неговата околина избувнале три вулкани.
Замислете дека живеете во страв дека еден ден вулканот покрај кој живеете ќе еруптира..
Со оваа мисла секојдневно се соочуваат луѓето во Рабаул, град во Папуа Нова Гвинеа, кој се наоѓа на средина меѓу три активни вулкани.
На прикажаните фотографии може да видите како изгледа животот на луѓето во градот кој е прекриен со чад и пепел.
Пред 20 години Рабаул речиси целосно е уништен кога еруптирале трите вулкани: Тавурвур, Вулкан и Рабаланкаиа. Благодарение на раното предупредување, настрадале само неколку лица. Сепак, дотогаш популарната туристичка дестинација е задушена во густ пепел и лава, а илјадници лица со своите семејства избегале од овој град.