YouTube Go лансиран во 130 земји ширум светот

Редизајнираната верзија на апликацијата на YouTube за неколку дена ќе биде достапна во 130 земји и може да биде од интерес за луѓето кои се наоѓаат на локации без добра врска со податоци или едноставно сакаат да го ограничат количеството на интернет податоци.

За проширувањето, YouTube се одлучи по успешното тестирање во 14 азиски и африкански земји.

Апликацијата ќе им даде на корисниците поголема контрола врз стримингот и преземање на видеото, а притоа се мисли на приказот на точната количина на податоци што ќе бидат потребни за преземање и гледање на избраното видео со одреден квалитет.

Натаму, нема веќе да е потребно да се певземе „third party“ апликација за симнување од YouTube, што е секогаш добра работа.

Видеата ќе може да се превземаат во HD резолуција, а корисниците ќе може да споделуваат повеќе видеа одеднаш со пријателите во близина без да потрошат од сообраќајот со податоци.

“YouTube Go” доаѓа од “lite” серијата апликации на Google, и е дел од Android Go оперативниот систем кој се користи на помалку напредни паметни телефони.

Засега кај нас оваа апликација сеуште не е достапна.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.