Контрацептивен накит – најелегантниот начин за спречување на несакана бременост

Контрацептивниот накит е нов, засега најелегантниот начин за спречување на несакана бременост. Сèуште не постои официјално во употреба, но тестирањата се во тек.

Имено, научниците нашле начин, контрацептивните хормони да ги сместат во часовници, обетки, ѓердани и прстени. Така, специјалниот накит освек за украсување на телото ќе послужи и да постепено отпушта хормони во кожата. На доста сличен начин делуваат и контрацептивните фластери.

Georgia institute of Technology е местото каде што се развива овој необичен метод за контрацепција.

“Колку повеќе опции за контрацепција има, толку повеќе ќе бидат задоволени потребите на различни жени. Бидејќи носењето накит веќе е дел од рутината на многу жени, оваа техника ќе го олесни користењето и ќе биде поефективна во спречувањето на несакана бременост“, велат истражувачите.

Технологијата на која се заснова оваа метода за контрацепција можеби делува невообичаено, но воопшто не е нова. Имено, тоа е технологија на трансдермални лепенки со кои веќе постои искуство.

Досега контрацептивниот накит е тестиран на свињи и на глувци и покажале дека нивото на левоноргетрел останува доста високо во текот на носењето. Наредниот чекор е тестирање на луѓе

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.