За прв пат откриена атмосфера околу егзопланета слична на Земјата

Научниците велат дека за прв пат детектирале атмосфера околу една егзопланета.

Тие ја проучувале планетата позната како „GJ 1132b“, која е 1,4 пати поголема од Земјата и се наоѓа на оддалеченост од 39 светлосни години.

Нивните опсервации укажуваат дека оваа „супер-Земја“ е обвиткана со дебел слој од гас, кој претставува или водена пареа или метан или смеса од двете материи.

Во истражувањето кое е објавено во списанието „Astronomical Journal“ се наведува дека откривањето на атмосферата и описот на нејзините карактеристики е важен чекор напред во потрага по живот надвр од Сончевиот систем. Сепак, малку е веројатно дека овој свет е погоден за живот, со оглед на тоа дека температурата тука изнесува 370 степени Целзиусови.

Водачот на истражувачкиот тим др. Џон Саутворт од Универзитетот Келе, потсетува дека највисоката температура на која живот може да преживее на Земјата е 120 степени Целзиусви.

Егзоплнетата „GJ 1132b“ беше откриена во 2015 година во соѕвездието Вела. Иако е со слична големина како Земјата, ѕвездата околу која орбитира е многу помала и поладна од нашето Сонце. Со помош на телескопите од Европската јужна опсерваторија во Чиле, научниците успеале да ја проучуваат  набљудувајќи како ја блокира дел од светлината од свјата  матична ѕвезда, кога поминува пред неа.

Иако изгледите за постоење на било каква форма на живот на оваа егзопланета се многу мали, откривањето на атмосферата претставува охрабрување во потрагата по вонземски живот.

„Покажавме дека планетите кои орбитираат околу ѕвезда со мала маса може да имаат атмосфера, а бидејќи во универзумот има многу вакви планети, може да се очекува дека на некоја од нив постои живот“вели Саутворт

Поддржете ја нашата работа: