Францускиот нуркач Frederic Swierczynski вчера наутро се нурна во Црвеното езеро за да стане првиот човек во историјата кој стапнал на неговото дно, и успеа во намерата.
Нуркањето траеше четири часа, а французинот го допре дното на 245 метри. Се очекувало нуркањето да трае дури девет часа, но Фредерик успеа да дојде до дното многу порано. Тој зел со себе и примероци од седимент за научниот дел од ова спектакуларно нуркање.
Нешто после 18 часот, нуркачот се нашол на површината на езерото со помош на припадниците на HGSS, а длабочината на Црвеното езеро во мај, беше проценета на околу 270 до 290 метри.
Поддржете ја нашата работа: