Создаден подводен музеј во Канкун, Мексико

Со зголемување на посетители, во комбинација со долгогодишни моќни бури, постојат оштетени корални гребени во заштитениот морски парк во близина на брегот на Канкун, Мексико. Штетата беше доволна причина за да се поттикне локалната нуркачка заедница, да направи подводен музеј кој ќе го одвлекува вниманието на ова популарно место.

Планот бил формиран уште во 2009 година помеѓу Националниот морски парк, Наутичкото здружение на Канкун и британски скулптор, за да создадат еден интересен подводен музеј кој е мешавина од уметност, наука, забава и животна средина. Овој музеј со сигурност ќе ги пренасочи нуркачите подалеку од оштетените корални гребени.

Подводниот музеј на уметноста се наоѓа во националниот парк Коста Осидентал Исла Мухерес, Пунта Канкун и Пунта Низуквотерс во близина на островот Пунта Мухерес, 13 километри од брегот на Канкун. Националниот парк годишно добива околу 750.000 посетители, од кои 450.000 го посетуваат морскиот гребен со нуркање.

Таму сега се наоѓаат околу 500 перманентни скулптури со големина колку човек, прицврстени за морското дно. Фигурите се направени од специјален материјал кој промовира раст на алги и корали.

Од институтот сметаат дека влошувањето на гребенот не е предизвикан од туристи, а загадувањето на водата е во подем. Постои загриженост дека алгите ќе ги затрупаат статуите, осудувајќи го коралниот гребен, пред да може да се формира и да поттикне просперитетно ново живеалиште.

Поддржете ја нашата работа: