Овој неверојатно редок албино сив кит бил забележан од страна на морските биолози на Пацифичкото крајбрежје на Мексико во текот на изминатиот викенд. Именуван е „Gallon of Milk“ или Галон Млеко поради својата светла млечна боја и сега е забележан за прв пат од 2009 година, во придружба на своето многу помало и потемно младо детенце.
https://www.youtube.com/watch?v=R4vOHl_wVjg
Во природата, албино животните се многу ретки на земјата, а уште поретки во морето. Албинизамот се случува кај луѓето и животните со генетска предиспозиција за недостаток на пигментот меланин, при што треба да се наследат рецесивни гени од двајцата родители, или во ретки случаи само од едниот родител.
Албино животните имаат потешкотии во вклопувањето и преживувањето во дивината, со оглед на тоа што нивната бела боја е како светилник за гладните предатори, но за овој голем морски цицач се’ уште не е познато какво влијание има албинизмот во огромното морско пространство.
Со оглед на големината најверојатно нема многу предатори за кои треба да се грижи (главните предатори на сивите китови се орка китовите), но научниците велат дека е можно да има намалена апсорпција на топлина во поладните води, зголемена чувствителност на сончева светлина и оштетена визуелна комуникација. Но, поради нивната реткост, научниците не можат јавно да заклучат дали албино китовите се соочуваат со истите закани како и земјените албино животни.
Галон Млеко не е единствениот албино кит кој ни ги освои срцата. Одвреме – навреме, во близина на брегот на заливот Ботани во Сиднеј, Австралија, се појавува грбавиот кит „Migaloo“ или Мигалу кој може да погледнете на следното видео.