Заборавете ги очилата пристигаат новите дисплеи

Новата технологија, која се развива на универзитетите Беркли  и МИТ, автоматски ги коригира визуелните дефекти, без очила.

Во основа тоа изгледа вака:

Го внесувате препишаниот диоптер  во новиот софтвер, а системот  пресметува како да ја прикаже сликата, така што нема да изгледа матно. Се прилагодува светлината од секој пиксел на уредот, а потоа поминува низ мала мрежа прикачена на монитор или телефонски екран. Системот ја  персонализира сликата, така што е кристално јасна.

Доколку сте далекувидни, ова се одлични вести за вас. Нема да мора веќе да се одалечувате од мониторот или да ги барате очилата кога ќе ви заѕвони мобилниот.

Оваа технологија има неколку потенцијални предности. Одлична е за лица на кои им е потребни само очила за читање. Во моментов електронските читачи имаа опција за зголемување на буквите, но тоа е прилично основен пристап, еднаков на очилата.

Додека повеќето луѓе, најверојатно, ќе го користат овој систем само за да избегнат носење очила, контактни леќи или ласерска операција, за некои, тој всушност може да биде единствената опција за јасна визуелизација. „Имено, постојат некои оптички дефекти кои не можат да се коригираат со очила“, вели Барски. „Луѓето кои ги имаат овие проблеми немаат многу опции.”  Овој изум би можел да им го промени животот.

„Живееме во свет преплавен  со телефони и компјутери. Дури и градежните работници користат „гаџети“ на работното место. Луѓето кои имаат проблеми со видот се наоѓаат во неповолна ситуација на работното место, како и во другите аспекти од нивниот живот“, вели Барски

 

 

Поддржете ја нашата работа: