Започнува производството на најголемиот авион на светот

Во моментов, компанијата е фокусирана на изградбата на патентираниот систем за летање, наречен „COSH“ (control-of-static-heaviness), кој користи хелиум наместо водород.

Авионот ќе биде долг 169 метри, висок 36 метри и ќе има распон на крилјата од 53 метри. Се очекува да биде изграден за 5 години, изјави извршниот директор Игор Пастернак. Ќе достигнува максимална брзина од 222 км/час.

Но, за жал, ние нема да можеме да се возиме во еден таков авион, бидејќи е наменет само за превоз на стоки, со специјално дизајнирани способности за вертикално полетување и слетување во средини кои немаат писти или други форми на критична инфраструктура.

Способен за носење речиси 60 метрички тони товар, „ML866“ проследи успешно тестирање на својот прототип со половина размери, наречен „Dragon Dream“ во 2013 година. Ако се помине како што треба и со предвидената големина, „Аерос“ планира да гради и уште поголем авион, долг 230 метри, способен да носи товар до 181 тон.

 

Поддржете ја нашата работа: