Запознајте ги првите идентични кученца-близнаци

Ирски волчјак роди идентични кученца близнаци кои всушност претставуваат првите идентични кученца кои и се познати на науката.

Вакви случаи се претходно забележани кај коњите и свињите, но се неверојатно ретки кај повеќето видови на животни. Ова претставува навистина редок пример на монозиготни, или идентични близнаци кај цицачите.

Ветеринарот се посомневал дека се работи за идентични близнаци откако ги породил кученцата од иста плацента со помош на царски рез и забележал дека се од ист род и имаат многу слични шари, а потоа своите сомнежи ги потврдил со анализа на крвта.

pup-birth„ДНК профилите на близнаците се идентични во сите 40 генетски маркери“, велат истражувачите, што ги прави првите монозиготни кучиња близнаци, потврдени со помош на ДНК профилирање.

Близнаците можат да бидат монозиготни (или идентични) што значи дека се развиваат од истиот зигот (или јајце клетка) која е оплодена од истиот сперматозоид – (еднојајчани), или дизиготни (или фратернални) што значи дека се развиваат од две различни јајце клетки, оплодени од различни сперматозоиди – (двојајчани).

pupsИсто како кај луѓето, така и кај животните, идентичните близнаци може да имаат мали суптилни разлики во висината, во одреден белег или бемка, и слично, бидејќи гените кои кодираат одредени физички разлики може да бидат изразени на различни начини.

Така овие кученца, иако се идентични близнаци, имаат малку различни шари на шепите, врвот на опашот и градите.

Ова откритие е опишано во „Reproduction in Domestic Animals“.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.