Во Кина родени првите генетски модифицирани бебиња

Кинески научник, за првпат во светот ги создал генетски модифицирани бебиња. Две девојчиња близначки кои се резистентни на ХИВ. Од лабораторијата на Хи Џианкуи велат дека наскоро ќе ги објават целокупите податоци, меѓутоа етичарите реагираат со жестока критика.

Двете прекрасни близначки, Лулу и Нана се родени пред неколку недели, а сега се дома со нивните родители. Семејството ќе остане анонимно за јавноста, а творецот на експериментот вели дека оваа работа сеуште не е завршена до крај. Таткото на детето е ХИВ позитивен. Иако неговите ќерки не се родени со ХИВ, со промена на еден ген тие ќе имаат заштита од овој вирус.

Ембрионите настанале по пат на вештачко оплодување, а научникот извршил промена во наследниот материјал.Инаку бил преземен сосема нов зафат, Crispr/Cas9 со цел бебињата да станат резистентни на ХИВ вирусот. Досега не се објавени научно проверени студии за зафатот, туку тој е само регистриран во кинески регистар за клинички тестови.

Ипокрај научните размислувања, самиот проект е “минско поле” на големите етички проблеми. Дали истиот е сигурен на долг временски период? Дали научникот отворил некој вид на Пандорина кутија?

“Ако е вистинит, овој експеримент е монструозен”, вели Џулијан Савулеску, професор по практична етика на Универзитетот Оксфорд. “Ембрионите беа здрави, немаше познати болести. Модификацијата на генот беше експериментална и сеуште е поврзана со ненадејна мутација”.

Научникот, од друга страна, останува сигурен во својот труд: “Верувам дека на семејствата им е потребна оваа технологија, а јас сум спремен да примам критика за нив.”

Поддржете ја нашата работа: