Запознајте го гуштерот Исус

Природата е полна со изненадувања, но има работи во дивината кои се навистина восхитувачки. Во прилог на ова зборува и неверојатната снимка од гуштерот базилиск, кој поради својата способност да оди по вода  се нарекува „гуштерот Исус Христос“.

Овој гуштер може неверојатно да оди, или поточно да трча по површината на водата, благодарение на тоа што странично на секој прст од задните нозе има „перки , кои му го овозможуваат тоа.

Базилиск (Basiliscus basiliscus) е мал гуштер кој живее во Средна Америка, покрај реки и водотеци. Кога ќе се најде во опасност, тој почнува брзо да трча по површната на реката или езерото. Се храни со инсекти, мали цицачи, со цвеќе, со ситни влекачи и риби. Природни непријатели му се птиците грабливки, змиите , големите влекачи и цицачи.

Помалите примероци од овој гуштер можат да трчаат 10 -20 метри по вода, без да потонат. Помладите гуштери трчаат побрзо од постарите.

Базилиск гуштерите обично тежат од 200 д 600 грама. Живеат во просек 7до 8 години, но во дивината многу од нив умираат многу порано. Женките положуваат 2-18 јајца, 5 до 8 пати годишно. Младенчињата се изведуваат за три месеци и тежат два грама. Извонредно се камуфлираат, што им овозможува да се одмараат и да не бидат забележени од своите непријатели.

Погледнете го видеото:

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt