Запознајте го „гуштерот Пинокио“

Со години научниците сметаа дека рогатиот анола гуштер, кој заради својот издолжен нос уште се нарекува и „гуштерот Пиникио“ е исчезнат, но излегува дека не е така.

Научниците во 2005 година, повторно го открија гуштерот како скриено живее на врвот од високите дрвјата во облачните шуми на Еквадор – единственото место на светот каде што е познато дека постои.

Научниците од Политехничкиот институт во Вирџинија, неодамна открија нови информации за улогата на долгиот нос на овој гуштер. Издолжен нос имаат само мажјаците и се чини дека им служи за социјална интеракција и со женките и со мажјаците.

lizards
Порано се мислеше дека ваквиот нос на мажјаците им служи како некој вид оружје за борба со другите мажјаци.

Научниците успеале ноќе да уловат неколку десетици гуштери и да ги чуваат во надворешни објекти каде што имало услови како во нивните природни живеалишта. После неколкудневна опсервација, гуштерите биле вратени на истите дрвја од каде биле земени.

Научниците биле во можност да снимаат 11 копулации и две борби – мажјак со мажјак. Носот не бил користен како оружје, гуштерите го подигале носот во текот на социјалната итеракција со другите гуштери, но која е точната улога на ова специфично движење, се’ уште е нејасно.

„Наша крајна цел е да дознаеме повеќе за еволуцијата на овој продолжен нос кој се среќава единствено кај уште два вида на анола гуштери од Перу и Бразил. Дали гуштерите со поголеми носеви се подоминантни од тие со помали носеви? Дали женките преферираат мажјаци со поголеми носеви? Дали долгиот нос е последица на сексуалната еволуција? Се надеваме дека ќе најдеме одговор на некои од овие прашања“ – велат научниците.

o-PINOCCHIO-LIZARD-facebook-650x325
Откако повторно беше откриен во 2005 година, „гуштерот Пинокио“, поради својата реткост и чудна убавина, стана цел на швецерите на домашни миленичиња, кои нудат големи суми на пари за негов улов.

„Многу е важно научниците да ги едуцираат луѓето за биолошката важноста на овој гуштер. Тој не е домашно милениче, туку навистина извонреден производ на природата“– истакнуваат научниците.

Поддржете ја нашата работа: