Имате студен нос? Тоа може да биде знак дека премногу работите

Според најновата студија, спроведена од страна на научниците од Универзитетот Нотингем, ниската температура на носот може да покажува дека премногу работите.

Во студијата учествувале 14 волонтери. Научниците користеле камери чувствителни на топлина, па со нивна помош ги снимале испитаниците додека вршеле ментални активности. Кај испитаниците кои се чувствувале преморено, температурата на носот се намалила за еден степен.

Експертите сметаат дека температурата се намалува поради преголемата активност на мозокот, при што крвта се насочува кон други области во телото за да им помогне на невроните. Поради тоа носот најмногу страда бидејќи е потребно повеќе енергија за крвта да дојде до него.

Д-р. Алистер Ричи објаснува дека очекувале некои физиолошки промени на телото поради големите ментални активности, но се изненадиле откако ја виделе поврзаноста на температурата на телото со тежината на менталните задачи. Не ни можеле да претпостават дека лицето ќе почне да се лади.

Ова сознание, научниците сакаат да го употребат во многу области, и на таков начин да ја проценат количината на задачите и да осмислат методи кои ќе им помогнат на луѓето да го намалат стресот кој настанува за време на големите ментални активности. Тие се надеваат дека оваа студија ќе користи за следење на вработените кои прекумерно работат без попречување во нивните активности.

Сметаат дека ваквите камери, чувствителни на топлина можат да се постават во пилотските кабини за проверка на тоа под колкав притисок работат. Поради тоа овој тим работи заедно со Ербас. Се повеќе расте загриженоста поради стресот под кој се наоѓаат пилотите.

На ваков начин ќе може да се види и колку луѓето се фокусирани на својата работа. На нивното дишење влијае нервниот систем. Фацијалната термографија би требало да биде вид на неинвазивно психолошко следење – велат научниците.

Поддржете ја нашата работа: