Ако имате мали деца, голема е веројатноста да проголтаат предмет кој не би смееле, како делчиња од играчки, копчиња и слично. За среќа во најголем број случаеви природата го прави своето и предметот обично излегува за некој ден по природен пат. Но, некогаш може да дојде до компликација, а со тоа и потреба од инвазивни методи на лекување.
За да се справат со овој проблем, научниците од МИТ развиле минијатурен робот, кој е во состојба да влезе во стомакот и потоа да го пронајде и извлече надворешното тело од организмот. Бидејќи роботот наликува на замотано парче хартија, кое се одмотува на прецизен начин по влезот во телото, наречен е и оригами робот.
За да може непречено да се проголта, роботот е сместен во капсула од лед, која се топи во стомакот и роботот е спремен за својата задача. Тој може да биде управуван од далечина, но и самиот е во состојба да се придвижува во органите за варење, со помош на нивното движење, триење, како и прераспоредување на сопствената тежина.
Покрај тоа, поголемиот дел од материјалите од кои е направен роботот се биоразградливи. Нам добро познати, но за Шугуанг Ли, еден од научниците во тимот, на таа идеја дошол при посета на локален пазар, каде забележал како месарите ги полнат колбасите во свински црева – биоразградлив материјал, кој е подоцна искористен за изработка на оригами роботот.
Иако се работи за проект кој засега е во почетна фаза, научниците се надеваат дека малиот робот би можел да има и поширока примена, покрај вадењето на залутани предмети во органите за варење. Тој би можел да се прилагоди за зашивање на внатрешни рани, или дистибуција на лекови длабоко низ телото. Дури, една од целите е роботот да се изработи како потполно автономен, минијатурен “доктор за јадење“.