Запознајте го „руското морско чудовиште“ од Студената војна

Во седумдесетите години од дваесетиот век кога американските сателити за прв пат го фотографирале ова возило покрај вода, помислиле дека е нормален голем авион кој се’ уште е во изградба.

Подоцна, кога го фотографирале авионот додека тој пловел на водата започнале да кружат разни прашања: „Што е ова?“ и „Зошто е сместен авион во вода?“.

Американците всушност го фотографирале руското морско чудовиште или т.н. “The Caspian Sea Monster” – првиот џет-авион кој можел да се движи со огромни брзини над површината на водата.

540 тонскиот Екраноплан, или како што е наречен “The Caspian Sea Monster”, бил долг 92 метри, имал распон на крилјата од 37,6 метри и можел да плови над водата со брзина од 240 јазли, што всушност претставува извонредна брзина за нешто што во основа се движи на вода.

EkranoplanЕкранопланот всушност не претставува ниту брод ниту авион, туку е нешто измеѓу. Екраноплан е руски збор кој во превод значи „морска птица“.

The-Caspian-Sea-MonsterИмал способност да плови врз водата со помош на воздушни перничиња и со 8 турбомлазни мотори кои му овозможувале голема моќност и брзина.

Бил тестиран се до 1980-та година, кога се урнал најверојатно поради грешка на пилотот и не бил извлечен од водите поради огромната тежина.

Поддржете ја нашата работа: