Запознајте ја најголемата медуза на светот

„Cyanea capillata“ (или медуза со лавовска грива) е најголемата медуза во светот, но спаѓа  и меѓу најубавите суштества на Земјата.

1. Може да израсне и до 37 метри во должина

За споредба, најдолгиот забележен син кит е долг околу 33 метри.

2. Јаде и го исфрла отпадот од ист отвор

Медузата има многу специфичен отвор, кој игра двојна улога – и како уста и како анус.

3. Не е имуна на грабливци

Како што може да се види во видео клипот (симен од „National Geographic“), овие медузи мора многу да внимаваат на гладните морски анемони. Исто така, тие можат да бидат жртви на морски желки (Dermochelys coriacea), кои имаат усни папили свртени навнатре, што им помагаат храната да се движи кон стомакот и од кои тешко може да се избега.

4. Може да се јави во различни бои

Големите единки најчесто се црвени или виолетови, додека помалите можат да бидат во нијанси на портокалова боја.

5. Оваа медуза може да има и до 1200 пипала

Тие се распоредени во осум групи кои содржат помеѓу 70 и 150 поединечни пипала.

jellypic

 

6. Оваа медуза сака ладно

Ја има во изобилие во студените арктички води и ретко може да се вид подолу од  северната 42-ра паралела. Исто така, најчесто гравитираат кон површината на водата и речиси никогаш не одат под 20 метри во длабочина

2684858179_cb77a29573_z

7. Како и другите медузи, може да се разможува по сексуален и асекуален пат

Медузите поминуваат низ неколку фази во својот комплициран животен циклус. Како „возрасни“ може да се размножуваат преку испуштање на јајца и сперма. Сепак, како неподвижни единки, закачени на морското дно додека се во фаза на полип, може да се клонираат асексуално.

687915348_798f4fda7c_z

8. Исто така, како и другите медузи и тие (технички) немаат мозок

Тие имаат нервен прстен, кој е вгнезден во нивното ѕвоно.

green-jelly

9. Овие медузи имаат тенденција да се групираат

„C. capillata“ често пливаат заедно во огромни километарски широки „јата“

jellyfish13-lions-mane-jellyfish_17917_600x450

10. Често се опколени од риби

Иако е смртоносна за помалите животни (вклучувајќи ги и другите медузи), убодот од  овие медузи нема ефект врз рибите од видот „Caranx“ кои  за да се заштитат од другите, се кријат помеѓу нивните пипала.

Поддржете ја нашата работа: