Земјата изгубила 60 отсто од дивите животни за 44 години

Бројот на диви животни е намален за 60 проценти од 1970 до 2014 година, се наведува во извештајот на Светскиот фонд за природа (WWF), кој предупредува на драматични, континуирани загуби и промена во биодиверзитетот.

За извештајот “Жива планета”, спроведен од страна на WWF со лондонската зоолошка организација, биле следени 4.005 различни видови птици, риби, цицачи, водоземци и влекачи.

Директорот на WWF, Марко Ламбертини, во известувањето вели дека зачувувањето на природата треба да се сфати многу поопширно од само заштита на тигрите, пандите, китовите..

“Не може да има здрава иднина за луѓето со нарушената клима, исцрпени океани, опустошени земјишта и уништени шуми, на планета лишена од биодиверзитет”, предупредува Ламбертини.

Исчезнувањето на фауната се случува на целата планета, но некои региони се особено ранливи, како што е тропскиот појас.

Во десеттиот извештај на “Живи планети” забележан е пад на популацијата на диви животни за 58 отсто, додека експертите во овогодинешниот извештај предупредуваат дека ситуацијата се влошила со намалување од 60 отсто.

Во јужноамериканската и карипската област се забележува застрашувачко намалување на популацијата од 89 отсто за 44 години, се вели во документот.

Биодиверзитетот е од суштинска важност за здравјето на луѓето, благосостојбата, храната и безбедноста, како и стабилноста на економските и политичките системи ширум светот, наведува WWF.

Поддржете ја нашата работа: