Жабите гледаат бои во тотална темница

Едно истражување спроведено на Универзитетот Лунд во Швајцарија покажало дека жабите подобро гледаат ноќе од речиси сите други животни и дека се во состојба да ги видат боите и при целосен мрак.

Кај сите ‘рбетници, вклучувајќи го и човекот, мрежницата на окото има два вида визуелни клетки – стапчиња и конусни клеки. Конусните клетки служат за гледање на боите и најдобро функционираат при нормална и јака светлина, додека стапчињата служат за гледање при слаба светлина и создаваат црно-бела слика.

Стапчињата кај жабите се различни и многу почувствителни отколку кај другите животни. До заклучокот дека жабите можат да гледаат во боја и во услови кога постои тотален мрак, истражувачите дошле после три експерименти каде биле имитирани услови на целосна темница во кои жабите се наоѓаат секојдневно.

Се покажало дека жабите ја користатт оваа способност кога треба да најдат излез од некоја тема пештера или тунел и кога ловат при слаба светлина, додека не го користат кога се во потрага по партнер.

„Познато е дека молците и гуштерите имаат способност да гледаат бои во услови на слаба светлина, но жабите ваква способност имаат и кога се работи за целосна темница“ велат истражувачите.

 

Поддржете ја нашата работа: