Нов вид на печурка со човечка форма

Џонатан Ревет има хоби за собирање печурки кои ги објавува на неговиот веб-сајт. Неодамна тој забележал некои примероци со необичен облик, израснати покрај патот во Норфолк.

Иако процесот траел неколку години конечно е утврден видот на печурката. Ова е нов вид, наречен „Geastrum britannicum“, идентификуван како дел од анализата на ДНК за утврдување на односи помеѓу различни сродни видови на „Earthstar“ печурките.

Карактеристичната форма „G. britannicum“ навистина се издвојува. Интересно е тоа што излегува дека е честа. По првото забележување, пронајдена е на 15 локации во јужниот дел на Британија. Овој нов вид на печурки не се јаде.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.