Жените со повеќе од две деца имаат поголем ризик од срцев удар

И петходно знаевме дека мајчинството има некои последици, а сега новите изтражувања од Универзитетот Кембриџ и Северна Каролина покажуваат дека жените кои имаат родено пет деца имаат за 38% зголемен ризик да добијат срцев удар во споредба со жените кои родиле само еднаш или двапати.

Овие сознанија се темелат на прегледи од 30 годишни здравствени податоци кај 8583 жени на возраст од 45 до 64 години. Се покажало дека жените со три или повеќе деца имаат умерен ризик од срцев удар, за разлика од оние кои родиле само едно или две деца. Ризикот од срцев удар значително расте со растот на бројот на деца.

“Целта на истражувањето не е да ги исплаши жените со повеќе од три деца, туку да го привлече нивното внимание со цел да бидат информирани дека го зголемуваат ризикот од срцеви удари,” вели Д-р. Клер Оливер- Вилијамс.

“Знаеме дека бременоста и породувањето претставуваат огромен притисок на срцето, а натамошното воспитување на децата исто така може да претставува стресен период. Би сакале луѓето да ги збогатиме со сознанија како би можеле да внимаваат на здравјето”, додава таа.

Д-р Оливер-Вилијамс вели и дека статистичката анализа е прилагодена на голем број фактори за кои се знае дека влијаат врз здравјето на жените, вклучувајќи ја возраста, расата, местото на живеење, социо-економскиот статус, здравственото осигурување, статусот на пушач, репродуктивниот живот, користењето контрацептиви и хормоналната терапија.

Студијата, исто така, ја зема во предвид возраста на жените во нивната прва бременост и времето на доење (претходните студии го поврзуваат доењето со подобрување на кардиоваскуларното здравје кај мајките).

Жените кои имале повеќе абортуси во текот на студијата покажале 60% повисока стапка за срцева болест и 45% повисока стапка на срцева слабост во споредба со жените кои имале едно или две деца.

Единственото ограничување на студијата е тоа што сеуште не е јасно дали до нарушување на кардиоваскуларниот систем доаѓа поради повторно забременување, стресот кој се доживува во текот на воспитувањето на детето или двете заедно.

Поддржете ја нашата работа: