Мајчинство, лек за депресија?

Истражување објавено во Journal of Affective Disorders сугерира дека мајчинството може да понуди заштита од биполарно растројство и голема депресија кај жените. Анализата на податоци од голем примерок на жени во Обединетото Кралство покажа дека оние кои родиле имале помала веројатност да ги доживеат овие ментални здравствени состојби во споредба со оние кои немале деца.

Заштитен ефект на мајчинството

Истражувачите откриле дека жените кои родиле имале околу 30% помал ризик од развој на биполарно растројство и голема депресија.

Идеален број на деца за ментално здравје

Студијата исто така открила нелинеарна врска помеѓу бројот на живородени деца и ризикот од ментални нарушувања. Ризикот од биполарно растројство и голема депресија се намалуваат со зголемување на бројот на деца до две, но над оваа бројка, заштитниот ефект се стабилизирал, без дополнителни придобивки за менталното здравје.

Импликации и ограничувања

Овие наоди се особено значајни во контекст на глобалниот пад на наталитетот и зголемувањето на менталните нарушувања. Сепак, истражувањето е набљудувачко и не може да утврди причинско-последична врска. Понатамошни студии се потребни за да се истражат биолошките, психолошките и социјалните фактори кои придонесуваат за оваа асоцијација.

 

Поддржете ја нашата работа: