Пронајдена жива во храмот на пирамидата „Feathered Serpent“ во Мексико

Археолозите велат дека откриле „големo количество“ на жива на крајот од 104 –метарскиот тунел, кој лежи под легендарниот Храм на пирамидата „Feathered Serpent“, во античкиот град Теотихуакан (Teotihuacan), оддалечен околу 50 километри североисточно од Мексико Сити.

„Тоа потполно не изненади“- изјави Серџо Гомез, директор на ископините на тунелот за „Ројтерс“ и додава дека тимот се’ уште не знае зошто овој течен метал е ставен таму.

Живата е пронајдена на три археолошки локалитети во Централна Америка, известува „Гардијан“. Археолозите веруваат дека има ритуално значење, веројатно симболизирајќи некој вид на река до подземниот свет.

Гомез се надева дека ова откритие ќе го посочи патот до последното почивалиште на еден од  владетелите на Теотихуакан. Ваков погреб на владетел досега не е откриен, што ги тера археолозите да се замислат за начинот на кој бил раководен овој праисториски град.

Во претходните ископувања во тунелот собрани се десетици илјади артефакти, меѓу кои и накит, камени скулптури и стрели.

Во периодот кога го достигнал  својот максимум, помеѓу 1-от и 7-от век, Теотихуакан се простирал на околу 14 квадратни милји и имал преку 100 000 жители. Овој антички град е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО во 1987 година.

Поддржете ја нашата работа: