Дали можеме да живееме без телефон?

Да, точно е дека технологијата постои да ни го олесни животот, се додека не се претвори во целиот наш ЖИВОТ.

„Teлефонски живот“ (phone life) е филм направен од Иван Кеш. Toj ги истражува социјалните димензии од користењето на смарт телефон во една од технолошките престолнини на САД: Сан Франциско. Двата лика се Тес, 15-годишна девојка опседната со телефонот и Матеј, ликовен уметник и дизајнер, кој никогаш не поседувал телефон. Кеш се прашува каков свет создаваат смарт телефоните и од што се откажуваме.

Ако сте инспирирани од овој филм, размислете за вашите навики во однос на телефоните. Дали проверувате пораки додека појадувате? Можете ли еден ден без вашиот телефон или таблет? Можеби ова звучи како лесен предизвик, но најверојатно е потешко отколку што мислите.

Поддржете ја нашата работа: